fbpx

Две експлозии на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, десетици загинати и повредени

-

Најмалку 10 лица загинале, а повеќемина се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој вечерва се случил на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јавуваат светските агенции.

Повеќе од 20 луѓе се повредени во нападот и, како што јавуваат медиумите, тие се носат во болница и со такси-возила.

Турските медиуми јавуваат дека нападот го извеле двајца бомбаши самоубијци.

Првичните информации велат дека покрај двете експлозии кои одекнале, било пукано и од огнено оружје на еден од терминалите на аеродромот.

Полицијата возвратила во обид да ги спречи напаѓачите да влезат во аеродромот.

Според првичните информации, напаѓачите детонирале експлозив на влезот на меѓународниот терминал.

„Според информациите кои ми се дадени, терорист првин отворил оган од „калашников“ на меѓународниот терминал, а потоа се разнел со експлозив. Првичните информациите се дека во нападот има 10 загинати лица“, изјавил турскиот министер за правда, Бекир Боздаг.

Бомбашките напади кои неодамна се случија во Турција, властите во Анкара ги поврзаа со курдските сепаратисти и со Исламска држава.

Засега никој не ја презел одговорноста за вечерашниот напад.

Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул е третиот најфрекфентен бизнис-аеродром во Европа, по „Хитроу“ во Лондон и „Шарл де Гол“ во Париз.

Минатата година 61 милион патници ги користеле услугите на овој аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...