fbpx

Две девојчиња загинаа, четири лица се повредени при уривање куќа во Полска

-

Две девојчиња ги загубиле животите, а четири станари добиле повреди кога утрово се урнала голема куќа во Југозападна Полска, близу градот Вроцлав. Причината била неисправна инсталација за гас, известуваат полските медиуми.

Експлозијата во местото Шведоџице била толку силна што објектот е речиси срамнет со земја.

Бројката на жртви е сè уште непозната, оти повеќе од 20 пожарникари ги пребаруваат урнатините. Сè уште не е позната судбината на 11 лица, за кои се смета дека се под урнатините.

Според „Газета Виборча“, во куќата живееле 18 луѓе.

Меѓу неповредените е едно дете, кое мајка му го испратила да купи леб. Но, кога се вратило и ја видело урнатината, паднало во шок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...