fbpx

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Демир Капија

-

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа, околу 21.40 часот, се случила на дел од автопатот меѓу селото Удово и Демир Капија. Во сообраќајката кај местото Водисир, учествувале три возила: автомобил со германски регистарски таблички и два камиона со полуприколки, едниот со прилепски регистарски ознаки, а другиот со кавадаречки.

Како што соопштија од МВР, повредените, кои се наоѓале во автомобилот, добиле потешки повреди. Тешки набиеници на главата и на левото рамо и фрактури на ребра добил возачот на патничкото моторно возило, 31-годишниот И.С., додека неговата мајка, 63-годишната Н.Х.С., добила повреди на главата и внатрешно крвавење. Поради тежината на повредите, лицата се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Полициските екипи извршиле увид на местото на несреќата, поради што сообраќајот бил во прекин од 21.50 до 00.20 часот. Од АМСМ соопштуваат дека во моментов сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...