fbpx

Двајца работници повредени при градежни работи на автопатот Кичево – Охрид

-

Двајца градежни работници се повредени при изведување градежни работи кај местото Лавчани на делница на автопатот Кичево – Охрид.

Како што соопшти МВР, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од селото Могорче, Дебарско, биле удрени од црево што било под дејство на компримиран воздух. Повредените биле пренесени во Медицински центар Кичево каде што им била укажана лекарска помош. Кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...