fbpx

Двајца пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ уапсени поради пијанство

-

Двајцата пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ се уапсени на аеродром во Глазгов под сомнвање дека биле пијани пред да влезат на летот со 141 патник од Шкотска кон САД.

Претставници на „Јунајтед ерлајнс“ потврдија дека дваjцата пилоти, едниот 45-годишен, а другиот на 35-годиша возраст, биле уапсени вчера на аеродромот во Глазгов.

Шкотската полиција наведе дека се очекува тие в понеделник да излезат пред суд и да одговараат на обвинението поврзано со британските закони за безбедност на сообраќајот.

Авионската компанија соопшти дека вчерашниот лет од Глазгов за Њујорк доцнел 10 часа, додека се барало замена за уапсените пилоти.

Овој инцидент се случи еден месец по сличен инцидент, во кој двајца канадски пилоти на компанијата „Ер трансат“ беа уапсени на аеродромот во Глазгов под обвинение дека се обиделе да летаат под дејство на алкохол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...