Институтот за јавно здравје лабараториски потврдил два нови случаи на туларемија во скопско Грушино, со што бројката на заболени во скопскиот регион се искачи на 14.
– Се работи за возрасни лица на 68 и 74-годишна возраст. Едното лице е хоспитализирано, другото се лекува во домашни услови. Независни се еден од друг, не се поврзани. Ова се највозрасни пацинети досега – изјави епидемиологот Билјана Даниловска.
Пред 10 дена скопскиот Центар за јавно здравје прогласи епидемија во општина Арачиново. Минатиот месец здравствените власти прогласија епидемија и во Лозово, а заболени со туларемија имаше и во кумановскиот регион. Вкупната бројка на заразени е 33 лица.