!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Дваесет и четири лица загинаа во пожар во училиште во Малезија


       
Скопје, 14 септември, 2017 - 10:18 (META) 

Најмалку 24 лица, од кои повеќето тинејџери, загинаа утринава во пожар што изби во спалните соби на исламско училиште во предградие на малезискиот главен град Куала Лумпур, соопштија властите.

– Пожарникарите бргу стигнале на местото по повикот за помош во 5.41 часот по локално време и им бил потребен еден час да го изгаснат пожарот, кој почнал да се шири и на другиот кат од двокатницата – рече шефот на полиција, Амар Синг.
Тој соопшти дека се пронајдени најмалку 24 изгорени тела, од кои 22 се деца на возраст од 13 до 17 години, и двајца наставници.

Синг соопшти дека 14 ученици и четири наставници се спасени и дека шест од нив се хоспитализирани во критична состојба.

Полицијата поведе истрага која треба да ја утврди причината за несреќата.