fbpx

Душко Илиевски не се согласува со отштетата од 6.500 евра

-

Фармерите Душко, Цане и Томе Илиевски од Битола добија 6.500 евра отштета за душевна болка за  12 дена поминати во притвор, пред четири години. Тие беа осомничени дека во нивата со компири одгледуваат марихуана. Вештачењето покажа дека во нивната нива, во индустрискиот дел на Битола, расте див коноп.

Оваа одлука вчера ја донел Основниот суд во Битола, откако поранешните фармери на „Сведмилк“ ја тужеа државата за нанесена душевна болка и за претрпен старав во притворското одделение на битолскиот затвор.

Летото 2010 година, кога фамерите беа притворени, Илиевски тврдеше дека бил тепан и удиран со стол и од него било барано да потпише дека намерно одгледувал марихуана во нивата. Фармерот по излегувањето од притвор тврдеше дека уништен му е сточниот фонд од 86 грла добиток.

Сега, според изјавата на Душко Илиевски , неговото семејството од државата бараше отштета од 80.000 евра, но судот досуди по 1.000 евра за деновите поминати во притвор и по 1.150 евра за нанесена душевна болка.

– Мојата болка не вреди колку на Груевски и на Мијалков, кога ги тужеа Заев и весникот „Фокус“. Зошто? Зошто сум селанец и сиромав. Јас ќе ѝ дадам 10.000 евра на министерката за внатрешни работи да помине 12 дена во притвор исто како јас и моите блиски – рече Илиевски.

Фармерот Душко Илиевски вели дека не е задоволен од пресудата и дека правдата ќе ја бара во второстепениот суд во Битола. Ако не е задоволен и од таа пресуда, вели дека нивниот предмет ќе замине за Стразбур.

– Ова е понижување од судот, јас се чувствувам како политички затвореник бидејќи сите докази беа во моја полза, а за џабе бев во притвор. Ако добиев 20.000 евра отштета од државата, можеби ќе бев задоволен од правдата. Но, вака не сум воопшто среќен, јас најавив дека тие пари ќе ги донирам на оние кои им се најпотребни. За мене ќе останеше само правдата – рече Душко Илиевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...