fbpx

Дури 85 проценти од домашните компании не соработувале со граѓанскиот сектор

-

Дури 85 проценти од домашните компании досега немале никаква соработка со граѓанскиот сектор, а само 10 проценти од нив добиле барање за донација од некоја граѓанска организација. Од друга страна, речиси две третини од граѓанските организации не го гледаат приватниот сектор како извор на ресурси, иако дури 80 проценти од тие што побарале донации од компаниите, истите и ги добиле.

Овие резултати денеска беа презентирани на Конференцијата за филантропија.

„Се чини дека соработката меѓу граѓанскиот и бизнис-секторот во земјава е повеќе исклучок отколку правило“, вели креаторот на истражувањето, Ристо Карајков.

Тој истакнува дека е неопходно создавање поволна клима во општеството за развој на културата на корпоративна филантропија.

Извршната директорка на здружението „Конект“, Никица Кусиникова, смета дека постои голем неискористен потенцијал за донирање кај бизнис-секторот, кој би можел да биде ставен во функција од страна на граѓанските организации во унапредување на благосостојбата на луѓето и постигнување општо добро.

Илустрација за ваквиот оптимизам е податокот дека 50 проценти од бизнисите во нашата земја дале некаква донација во изминатата година (59 проценти во изминатите три години), а вкупниот износ за донации и за спонзорства за остварување цели од јавен интерес во 2013 година надминал 10,5 милиони евра.

Најголем дел од донациите од компаниите (23,2 проценти) се наменети за помош при лекување, иако не е мала ниту поддршката што бизнисот ја издвојува за спортот (15,9 проценти), како и за помош на сиромашни (11,9 проценти) и справување со последиците од хуманитарни непогоди (10,7 проценти).

Две третини од компаниите не се запознаени со законот, а само 11,4 проценти од оние кои донирале ги користеле даночните поттикнувања. Речиси половина од граѓанските организации се изјасниле дека тој нема позитивен ефект, односно не ги поттикнува донациите од компаниите.

Во 2012 година, само 47 граѓани искористиле даночно ослободување предвидено со законот за донации, што претставува 0,02 отсто од вкупно поднесените годишни даночни пријави. Кај компаниите, од повеќе од 70.000 правни субјекти, само помеѓу 500 и 700 компании годишно поднесуваат барања за даночни ослободувања врз основа на реализирани донации и спонзорства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...