fbpx

Дури 61 отсто од граѓаните се за решавање на спорот за името

-

Мнозинството граѓани на Македонија, односно 61 отсто од нив поддржуваат решавање на проблемот околу името, со цел побрз влез на земјава во Европската Унија и во НАТО, додека 33 отсто се категорично против, покажува новата анкета на Институт за демократија „Социетас цивилис“.

Анкетата е спроведена од агенцијата „М-проспект“ од 19 до 26 јануари, телефонски со 1.000 испитаници. Можноста за статистичка грешка е околу три проценти. Резултатите се поделени на општи, резултати според националноста, односно Македонци и Албанци, и поделба според политичката ориентација, односно гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и гласачи на СДСМ.

Што се однесува до етничките Македонци, дури 50 отсто од нив целосно или донекаде се за доаѓање до решение за името, а категорично  против се 42 отсто. Кај етничките Албанци, поддршка за решение за името даваат 82 отсто од испитаниците, а против се само еден отсто.

Од оние што се изјасниле дека гласале за ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за решение дале 33 отсто, а 60 отсто се категорично против, додека од оние што гласале за СДСМ, „за“ во некоја форма се 76 отсто, а 18 отсто се против.

Од вкупниот број испитаници, 34 отсто сметаат дека ако се смени името, целосно ќе се смени и идентитетот, додека 19 отсто сметаат дека донекаде ќе се промени. Од другата страна, 33 отсто сметаат дека воопшто нема да се промени значењето што е Македонија и македонски народ, а 4 отсто сметаат дека донекаде нема да се промени.

Став дека со решение за името ќе се смени и идентитетот имаат 60 отсто Македонци, додека 35 отсто не се убедени во тоа. Во последното се убедени и 48 отсто од етничките Албанци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...