fbpx

ДУИ ѝ врати на ВМРО-ДПМНЕ: Двојазичноста го прави македонското општество постабилно

-

Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и со Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно, заокружувајќи ги на тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор, порачаа денеска од ДУИ, реагирајќи на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да преговара и да дозволи двојазичност во Македонија и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

„Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува услов за продолжување на евроатлантскиот пат. Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот“, стои во соопштението од ДУИ.

Од партијата истакнуваат дека од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската унија за интеграција инсистирала на транспарентно затворање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање на одговорност.

„ДУИ останува посветена за едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува страните да дејствуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочуваат земјата и регионот, при што треба да прават рационални, а не емотивно поттикнати проценки“, се вели во реакцијата од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...