fbpx

ДС: Уставен суд да се произнесе за иницијативата за советот за одговорност на судии

-

Демократскиот сојуз го повикува Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за поведување постапка за оценување на уствноста на членот 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судија, која од паријата ја доставија во февруари годинава.

Демократскиот сојуз побара од Уставниот суд да донесе и привремена мерка за да не се имплементира овој закон бидејќи е во колизија со Уставот на Република Македонија.

ДС бара судот да се произнесе во целина и во однос на привремената мерка, затоа што на 10 јули 2015 година треба да се одржат изборите за членови на Советот за утврдување на фактите, со што директно се разорува правниот систем на Република Македонија.

– Имено, со член 6 од овој Закон се предвидува членови на Советот за утврдување на факти да можат да бидат само пензионери, кои треба да засноваат редовен работен однос и да примаат плата од 1.000 евра, а сите други кадри со искуство од правосудната област се дискриминираат. Овие членови треба да извршуваат оперативно-истражувачки активности за утврдување на одговорност на судиите – се вели во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...