fbpx

ДС: Туск дојде во земјата на апсурдите

-

Претседателот на Европскиот Совет, господинот Доналд Туск, пристигна во Македонија, земја на апсурдите, каде владејачката партија и по парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година, со 51 пратеник и натаму владее и организира блокада на Собранието, како и протести, со единствена цел, да спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта, оцени денеска Демократскиот сојуз.

ДС оценува дека Туск сигурно ќе препорача да се дозволи парламентарното мнозинство да формира влада, но оти веројатно ќе инсистира Македонија да спречи транзит на бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан и да се подготви за прифаќање бегалци преку изградба на кампови со големи капацитети.

„Како и да е, времето стана силен непријател на етаблирање на нова власт, поради што се неопходни цврсти и одлучни чекори за избор на нова, реформска влада, со поддршка од повеќе од 700.000 гласачи“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...