fbpx

ДС: Мнозинството одлучува за составот на собраниските комисии кога нема консензус

-

Во Собранието на Република Македонија составот на работните тела е одраз на бројот на пратеници, при што парламентарното мнозинство ги носи одлуките, честопати без поддршка од опозициските партии, велат од Демократскиот сојуз.

„При изборот на составот на комисиите, доколку не може да се постигне консензус, тогаш партиите што имаат мнозинство одлучуваат. Во спротивно, доколку опозицијата инсистира на мнозинство во комисиите и да раководи со нив, ќе се случува блокада на работата на парламентот“, стои во соопштението на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов.

Од ДС велат дека опозицијата треба да има мнозинство во комиисиите кои вршат контрола и надзор над службите за безбедност и институциите кои можат да вршат контрола над средствата за јавна комуникација (прислушување), но со комисијата за избори и именување и комисијата за имунитетско-мандатни прашања, секогаш раководеле пратеници од партиите што имаат мнозинство во парламентот.

„Демократскиот сојуз укажува на потребата од разумно однесување, деблокирање на работата на Собранието и избор на реформска влада, како битен услов за стабилизирање на државата, нормализирање на животот на граѓаните и за спроведување на коренити реформи, клучни за евроатланските перспективи на Македонија“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...