fbpx

ДС: Иванов да си поднесе оставка по срамниот говор

-

Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС).

– По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која повеќе од 65 отсто од граѓаните ја поддржуваат – наведува ДС во соопштението.

Од Демократскиот сојуз додаваат дека стабилноста на земјата во изминатите месеци не била загрозена ниту однатре, ниту однадвор, а исто така немало потреба да се ангажира Армијата за средување на внатрешните состојби.

– Напротив, и покрај одлуката за аболиција на 56 носители на високи државни и политички функции, граѓаните протестираа против Ѓорге Иванов, против урнисување на уставниот поредок и владеењето на правото, но никогаш не ја загрозија Македонија – велат од Демократскиот сојуз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...