fbpx

ДС: Договорот е фрлање прашина во очите на јавноста

-

Постигнатиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, за одржување избори во декември оваа година, е само фрлање прашина во очите на јавноста, велат од Демократскиот сојуз и додаваат дека договорот не гарантира создавање услови за фер, демократски и веродостојни избори.

„Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, реформите во медиумите, формирањето судско одделение кое ќе постапува по предмети од СЈО, како и формирањето експертска влада која ќе ги спроведе реформите. Исто така, од исклучителна важност за демократизација на државата и за демонтажа на еднопартискиот систем беше Македонија да биде една изборна единица, но и тие промени не се направија ниту, пак, се прочисти избирачкиот список“, стои во соопштението на партијата.

Оттаму велат дека ако се земат предвид сите овие отворени прашања, „како и досегашното искуство, владејачките партии да ги блокираат реформите“, од ДС истакнуваат дека сосема се оправдани сомнежите дека преку договорот ќе се дојде до веродостојни избори и дека тие ќе се одржат на 11 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...