fbpx

ДС бара да се свика Собранието, трансфер на власта и оставка од Иванов

-

Демократскиот сојуз денеска оцени дека Македонија се вовлекува во најтешка криза од нејзиното осамостојување, со можни последици за нејзината стабилност и за нормалното одвивање на животот на граѓаните.

– Откако Никола Груевски не успеа да формира влада, почна манипулативна кампања преку емоциите на граѓаните, тврдејќи дека се загрозени унитарноста, името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, дека Македонија ќе се подели, при што го повика народот на протести за да ја „спаси државата“, со што практично попречува да се формира влада на Република Македонија – рече денеска на прес-конференција Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Од партијата велат дека Иванов, со вчерашната одлука да не му го даде мандат за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта.

– Ѓорге Иванов, со овој акт и со настапот во јавноста, директно го загрози мирот, внатрешната кохезија, единството и стабилноста на државата. Користејќи ја платформата на албанските партии како аргумент за попречување да се формира влада на Република Македонија, создаде услови за дестабилизација, меѓуетнички конфронтации, разгорување на меѓуетничка и верска нетрпеливост, омраза и раздор. Со одлуката да не го даде мандатот на партиите кои имаат мнозинство во Собранието, Ѓорге Иванов ја вовлече Македонија во институционална криза и создаде основи за поделби и за немири од пошироки размери и со тешки последици. Поткопани се темелите на демократијата – велат од ДС.

Од партијата предлагаат сите разговори и преговори за излез од кризата да се водат во Собранието, каде, како што рекоа, за сите отворени прашања треба да се води дебата, на отворени седници пред очите на јавноста. Тие бараат да се свика седница на Собранието на Република Македонија, на која ќе се договори мирен трансфер на власта, но и ќе се осуди постапката на Иванов и ќе се побара негова оставка.

– Парламентот да биде во перманентно заседание и на иста седница да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија. Да се одложи одржувањето на локалните избори и наместо во мај, тие да се одржат најрано во септември 2017 година. Собранието да ги задолжи државните институции да преземат ригорозни законски мерки против сите кои се обидуваат со поттикнување насилство да создадат услови за воено-полициски удар и за суспендирање на легалните државни институции и на волјата на граѓаните – велат од ДС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...