fbpx

Државните вработувања се оправдуваат со зголемен обем на работа

-

Институции, јавни претпријатија и установи се почесто распишуваат огласи за вработување на определено време поради зголемен обем на работа. Најнов пример за тоа е огласот на Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје која објави оглас за вработување на 38 лица на определено време поради зголемен обем на работа до 31.12.2019 година.

Во огласот се бараат медицински сестри, правник, инженери, економсти, административен работник и други профили работници. Платите во зависност од работното место се движат од 14.500 до 24.000 денари.

Министерството за финансии пред неколку дена објави оглас за вработување на 9 лица на определено време, за работа на проект, за период од пет години. Се бараат кандидати за советници, помлад соработник, педагог, дефектолог, виша медицинска сестра и други профили работници. Платите се движат од 8.588 денари до 25.023 денари.

Царинската управа неодамна објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година.

Во огласот се бараа советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места. Платите варираат од 16.571 денар до 39.899 денари.

Службата за општи и заеднички работи на Владата поради привремено зголемен обем на работа претходно објави јавен оглас за ангажирање на 16 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година.

Во огласот се се бараа готвачи, келнери, возачи, архивари, благајници и други профили работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...