fbpx

Државните градежни инспектори со вонредни контроли на охридските и струшките плажи

-

Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање.

„Со години наназад, општинските и државните инспектори ја префрлаа надлежноста помеѓу себе, така што, со оваа контрола ќе ги видиме сите неправилности кои што мора да се отстранат. Контролата не е само да се види во каква состојба се плажите, туку и за да видиме колкав дел од договорите за концесија се истечени“, рече Сугарески.

Тој објасни дека во процедура е измената на законот за градежно земјиште, со кој што треба да се дефинира начинот на кој, државата ќе стопанисува со плажите. Сугарески очекува дека државата деновиве ќе го преземе стопанисувањето со плажите на Охридското, Преспанскиото и Дојранското Езеро.

Ниту една плажа не е вратена во првобитна состојба како што предвидуваат договорите, а дел од нив непречено работат како угостителски објекти. И додека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко неодамна изјави дека е понижување одземањето на ингеренциите со плажите на Охридското Езеро и дека е можно да се откаже од функцијата поради тоа, в.д градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, со став дека акт донесен од Собранието, треба да се почитува.

„Ние како Општина Охрид имаме проблем со дива градба, но од таков обем како што има наводи дека се случува во Струга, во Охрид нема. Имаме и проблем со постапката за издавање на плажите под концесија, тоа се објекти кои претходно се изградени, договорите беа истечени, имаше нов повик, меѓутоа тој повик се уште не е завршен, а правните лица обавуваат дејност на тие плажи“, изјави Георгиески.

Инаку од почетокот на овој месец во повеќе наврати медиумите известуваа за тоа дека одредени парцели помеѓу Струга и Калишта се тампонираат, дека се поставуваат бетонски огради, дека се пали трска и друга вегетација среде бел ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...