fbpx

Државниот завод за ревизија ефикасен, ама недоволно познат

-

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во периодот јули-септември 2017 година, објавувал една или ниедна вест во секој месец, а така било и во претходниот квартал. Сепак, ефикасно си ја сработил работата во минатата година, а годинава предвидел поголем обем на работа од лани, стои во извештајот за неговата работа подготвен од Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD), Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Сите ревизорски извештаи од Годишната програма на ДЗР за 2016 година се реализирани и објавени и е започнато со тековно објавување на дел од ревизорските извештаи од Годишната програма за 2017 година, според која треба да изврши ревизии на 58 субјекти, односно 53 за ревизија на регуларност, додека за пет субјекти на ревизија ќе се врши ревизија на успешност. Во споредба со лани, годинава се предвидени 14 ревизии на регуларност повеќе.

За извештајот се оценувала и запознаеноста на пратениците со работата на ДЗР, при што се добиени голем број одговори дека ревизорските извештаи треба да се разгледуваат на повисоко ниво, односно во соодветна Комисија во Собранието на Република Македонија, на собраниска седница или во Комисијата за финансирање и буџет.

При презентацијата е ставен акцент на можноста граѓаните да поднесуваат барања за ревизија, која постои, но најголемиот дел од луѓето не се информирани за неа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...