fbpx

Државниот секретар за европски прашања во МНР на Германија во посета на Скопје

-

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, од недела до вторник ќе престојува во официјална посета на Македонија и на Србија.

„Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Некои политичари ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување“, се вели во соопштението на германското МНР.

Рот прво ќе го посети Белград, а потоа ќе пристигне во Скопје. Во Белград ќе има средба со премиерката Ана Брнабиќ, како и со министерката за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ. Рот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор во Србија.

По Белград, Рот ќе пристигне во Скопје, но сè уште не е прецизирано со кого ќе се сретне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...