fbpx

Државна ревизија: ВМРО-ДПМНЕ во 2015 заработила 2,4 милиони евра

-

Во 2015 година, партијата ВМРО-ДПМНЕ исплатила аванс за кој на државната ревизија не и доставила документација од која може да се утврди по која основ е исплатен, а тој аванс не бил опфатен ниту во извршениот попис за 2015 година, утврдил Државниот завод за ревизија. Станува збор за сума од 1,54 милиони денари, односно 25.000 евра. Иако во поголем дел од ревизорскиот извештај всушност се зборува за „аванси“, сепак станува збор за една исплата на аванс, како што може да се види од одговорот на Државната ревизија на забелешката на   ВМРО-ДПМНЕ, кои се исто во извештајот.

Во конечниот извештај за ревизијата на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ за сметката за редовно работење за 2015 година се вели и дека партијата за „ситен инвентар“ не располагала со соодветна документација и не направила попис на ситниот инвентар.

ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година имала вкупно 148.648.000 денари (2,4 милиони евра) приходи, а 145.655.000 денари (2,364 милиони евра) расходи.

Исто така биле утврдени и слабости при евидентирањето на приходите и расходите, образецот на партијата за годишен финансиски извештај не е усогласен со Законот за финансирање на политичките партии, односно не е регулиран начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање, а не е регулиран ни начинот за пренос на средствата од членарина од редовната сметка на сметката за изборна кампања.

 

СЈО вчера покрена случај „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, со кој ја опфаќа и 2015 година, за која е новообјавениот извештај на државната ревизија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...