fbpx

Државна ревизија: СДСМ нема тапии за дел од имотот, членарината плаќана на трансакциска

-

Во 2015 година општинските организации на СДСМ ги уплатувале директно на трансакциска сметка на партијата собраните пари за месечна членарина, без да се наведат поединечно собраните суми, а партијата за дел од градежните објекти што ги наследиле од претходникот, уште не го решила сопственичкиот статус.

Тоа се двете главни напомени од ревизијата на  финансиските извештаи на СДСМ за 2015 година што ја извршил Државниот завод за ревизија.

Исто така била утврдена и слабост при евидентирањето на приходите и расходите, образецот на партијата за Годишен финансиски извештај не е усогласен со Законот за финансирање на политичките партии, односно не е регулиран начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање, а не е регулиран ни начинот за пренос на средствата од членарина од редовната сметка на сметката за изборна кампања.

Државниот завод за ревизија порачува дека партијата треба да преземе мерки за да ги отстрани слабостите и информира дека не добил реакција од партијата.

Покрај погоре наведените забелешки, другите активности, финансиски трансакции и информации наведени во финансиските извештаи на партијата биле во согласност за законите и востановените политики.

СДСМ во 2015 година имала приходи од 42,36 милиони денари, односно 688.000 евра, а расходи од 41,87 милиони денари, односно 679.750 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...