fbpx

Државите да ги зголемат ефектите од отворените образовни ресурси

-

Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси (ООР) се одржува од 18 до 20 септември во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија.

На конгресот учествуваат министерката за образование и наука, Рената Дескоска, и претставници од Македонија.

Членот на Алијанса за ООР во Македонија, професорот од Економски институт, Зоран Јаневски, вели дека овој конгрес е особено значаен поради тоа што прави пресек на постојната состојба во светот со актуелните прашања поврзани со отворените образовни ресурси и дава насоки во кој правец треба да се движат државите за да го унапредат нивното користење и да ги зголемат ефектите кои со тоа се постигнуваат.

– За разлика од пред пет години, кога се одржа првиот конгрес во Париз во 2012 година, денес постојат политики за ООР во многу држави во светот. Голем број влади покажуваат дека навистина се подготвени да работат на поттикнување поголема нивна примена во образовниот процес. Сè повеќе автори создаваат образовни и тренинг-материјали во форма на ООР, а бројот на електронски складишта со ваквите материјали се зголемува неверојатно брзо. На конгресот се работи на заклучоци и на препораки за сите чинители од сферата на ООР кои одат во насока дека и понатаму треба посветено да се работи на подигнување на јавната свест за придобивките од ООР, да се развијат и да се усвојат политики за ООР онаму каде тоа досега не е сторено, да се поттикнуваат чинителите за нивно поголемо создавање и користење, но и да се работи и на зајакнување на капацитетите на самите чинители за да можат да одговорат на сите овие предизвици“, изјави Јаневски.

Годинешната тема на конгресот е „ООР за инклузивно образование и образование со еднаков квалитет: Од посветеност до акција“, а ќе бидат одбележани 15-годишнината од промовирањето на концептот на отворени образовни ресурси од УНЕСКО, како и петгодишнината на Париската декларација за ООР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...