fbpx

Државата продава пет детски одморалишта за да развива туризам

-

Државата ги понуди на продажба детските одморалишта „Малешево“ во Берово, „Суви Лаки“ во Струмица, „Ѓуриште“ во Свети Николе, „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола.

– Сите овие места во минатото, поради својата местоположба и опкружување, претставувале значајни туристички капацитети. Со определена инвестиција од приватниот сектор, повторно би можеле да станат профитабилни места за самите компании, кои потенцијално би ги стопанисувале во идниот период, но се разбира ќе има значаен придонес и за локалниот економски развој и за отворање нови работни места – изјави портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.

За овие објекти, идните сопственици дополнително можат да ги искористат и поволностите од ИПАРД-програмата, со што се кофинансираат половина од прифатливите трошоци за уредување на просторот.

Огласот ќе трае до 30 октомври, а најповолните понуди ќе се изберат на електронско јавно наддавање.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...