!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Дрво падна и усмрти 12 верници на верски фестивал во Мадеира


       
Лисабон, 15 август, 2017 - 20:26 (META) 

Бројот на загинатите врз кои падна дрво за време на традиционалниот верски фестивал на португалскиот остров Мадеира, се зголеми на 12, а на повредени на 50 лица.

Како што јавуваат странските медиуми, врз верниците пред црквата во планинското село на острово паднал 200-годишен даб.

Локалните здравствени претставници соопштија дека седум од повредените се во тешка здравствена состојба
Инцидентот се случил за време на фестивалот посветен на Богородица.