fbpx

Друштвото на писателите на Македонија слави 70 години постоење

-

Друштвото на писателите на Македонија одбележува 70 години постоење. Формирано е на денешен ден во 1947 година.

Седумте децении постоење ДПМ, ќе ги одбележи со свечен собир кој ќе се одржи во четврток, на 16 февруари, од 12 часот.

На свеченоста во четврток ќе бидат врачени наградите „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“ за најуспешни книжевни дела во 2016 година, на писателите Гордана Михаилова-Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски.

Во ДПМ членуваат 540 автори, а 30 нив повеќе од половина век се членови.

Охридскиот писател Видое Видически е меѓу најстарите членови и наскоро одбележува 55 години творечка дејност.

Во триесетте, со најдолг стаж во писателската асоцијација е и струшкиот автор Јован Стрезовски.

По повод големиот јубилеј, ДПМ на посебна манифестација ќе изложи избор од десетиците книги на овие писатели затоа што нивните естетски дострели, како што посочува, претставуваат константа на богатиот и буен развој на современата македонска литература.

Станува збор за автори кои во изминатите децении оставија силен печат во развојните процеси на македонската литература и литературата на националностите, во областа на романот, расказот, поезијата, драмата, критиката, есеистиката, книжевната наука и литературата за деца, наведува македонската писателска асоцијација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...