fbpx

Друштво на писатели на поетски караван во Радовиш

-

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Радовиш, на традиционалната поетска манифестација „Караманови средби“, која годинава се одржува по 41. пат.

Во знак на чествување на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов, в сабота (15 ноември), во Домот на културата во Радовиш, истакнати македонски поети од повеќе генерации ќе одржат пригодна манифестација. Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Славе Ѓорѓо Димоски, Раде Силјан, Ресул Шабани, Елена Пренџова, Стојан Тарапуза, Делвина Керлуку, Веле Смилевски, Виолета Танчева-Златева, Бранко Цветкоски, Борче Панов, Игор Крајчев, Трајче Кацаров, Кочо Топузоски, Марина Мијаковска и на Христо Петрески.

На отворањето на средбата ќе зборуваат претседателот на советот на манифестацијата „Караманови средби“, Борче Панов, и претседателот на ДПМ, Веле Смилевски. Договорено е средбата да има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во соработка со манифестацијата „Караманови средби“.

Караванот на Друштвото на писатели на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...