Новинарот Драган Антоновски ќе биде новиот директор на Македонската информативна агенција (МИА).
По именувањето на новиот надзорен одбор на МИА, од страна на Владата, вчера била организирана и првата седница, по што е избран нов управени одбор кој го именува новиот главен и одговорен уредник и директор на МИА, Драган Антоновски.
Надзорниот и управниот одбор се составени од професионалци новинари, актуелни и поранешни, како и дел од вработените новинари на МИА. Надзорниот одбор го именува Владата, а управниот одбор е од редот на вработените новинари на МИА.