fbpx

Дождот од кривични пријави, уличарска техника на притисок врз Јанева

-

Нови 12 кривични пријави се поднесени против повеќе лица кои работат во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на Катица Јанева. Со ова, бројката на кривични пријави поднесени до вработени во СЈО сега се искачи на 19, од кои три се против обвинители од тимот на Јанева.

Првите кривични пријави, една против тројца обвинители од СЈО и една против вработен во Министерството за внатрешни работи, беа поднесени пред десетина дена, односно на крајот на јануари, а последните на крајот на минатата недела.

Поднесувањето кривични пријави против јавни обвинители во толку краток временски период е редок, поточно непознат феномен во правосудната практика што познавачите го толкуваат како преседан и како организиран притисок.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за „Мета“ вели дека не може да тврди дали биле или не пречекорени овластувањата од страна на обвинителите на СЈО, но самата бројка на поднесени пријави зборува за притисок врз Јанева и врз Специјалното јавно обвинителство.

– Иако не можам да тврдам дали имало пречекорувања или не, сепак таквата наезда на пријави за толку краток период и атмосферата во која се случуваат укажува на злоупотреби од страна на структури во Министерството за внатрешни работи (МВР) на ВМРО-ДПМНЕ, кои заедно со Јавното обвинителство можат да се гледаат како еден фронт што врши притисок врз Специјалното обвинителство – вели Калајџиев.

Според него, и Советот на јавни обвинители, наместо да се занимава со причините што довеле до тоа да има потреба од Специјално јавно обвинителство, се занимава со Катица Јанева.

– Некој треба да се замисли што ќе се случува ако тие кривични пријави да се неосновани, односно ако се поднесени, а нема кривично дело. Во тој случај, работата не е едноставна. Не е тоа само лажно пријавување, туку од него може да произлезе и друго потешко кривично дело, односно притисок врз правосудните органи. Некој треба навистина да се замисли. Не можат да се играат играчки со правосудството – додава Калајџиев.

„Перверзија, уличарска техника на притисок и директен атак врз СЈО“ е ова со дождот од кривични пријави, вели универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.

На прашањето дали досега има слични примери во правосудството – за толку кратко време да се поднесат толку пријави – Фрчкоски вели дека тоа е неспоредливо со ништо, како и дека таквото прашање „само им влегува во филмот на тие што ја создаваат таа кампања, им се дава легитимитет преку некаква статистика“.

– Не можете да очекувате да влезете во септикот и кога ќе излезете од него да не замирисате на фекалии – вели во свој стил Фрчкоски.

Во врска со поднесените пријави, Обвинителството за организиран криминал и корпуција минатата недела поднесе и обвинение против вработен во МВР, кој се товари дека нудел поткуп на лице за да биде сведок во некој од предметите што ги води Јанева.

Освен пријава против полицаецот, кој е обвинет за незаконито влијание на сведоци, сите други кривични пријави се за кривичното дело малтретирање при вршење на службата.

Како што информираат од Јавното обвинителство, пријавите се поднесени од различни лица, а таа за полицаецот е поднесена од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...