fbpx

Дождлив ден со температура до 13 степени

-

Времето утринава е облачно со повремен дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи утрово немаше на крајниот исток, но и таму се очекуваат. Слаб променлив ветер има на повисоките места и во Демир Капија.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни на западот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 до 13 Целзиусови степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 9 Целзиусови степени.

Под влијание на потопол влажен бран, и утре ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...