fbpx

Досега жалби за само осум притворени за 27 април, адвокатите на другите уште не ги примиле решенијата

-

Адвокатите на поголемиот дел од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година сè уште не ги примиле решенијата на Кривичниот суд во Скопје за продолжување притворот поради што досега не доставиле жалби на одлуките.

Инаку, жалбите се поднесуваат преку Кривичниот суд, од каде, по нивното комплетирање се доставуваат во Апелација.

Од Кривичен за „Мета“ велат дека досега кај нив пристигнале осум жалби, кои се комплетирани и во текот на денешниот ден треба да бидат доставени до Апелацискиот суд на разгледување и одлучување.

Претходно од второстепениот суд нѝ изјавија дека досега до нив не стигнала ниту една жалба за продолжениот притвор на осомничените за насилствата во Собранието.

– За дел од адвокатите нема уредна достава дека ги примиле решенијата, а за дел, за кои има уредна достава жалбените предмети се комплетирани и ќе бидат доставени до Апелацискиот суд најверојатно во текот на денешниот ден – ни изјавија од Основниот суд Скопје 1.

Адвокатите кои не поднеле жалба сè уште имаат право да го сторат тоа, бидејќи рокот од 48 часа за поднесување почнува со приемот на решенијата на првостепениот суд.

Кривичниот суд во Скопје на предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пред точно една недела, односно на 27 декември 2017 година им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

Куќниот притвор им е продолжен на пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и на уште еден осомничен, додека за С.М. и М.М. судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...