fbpx

Донесени законите за заштитени сведоци, за ОТА и за следење на комуникациите

-

Собранието денеска усвои дел од реформските закони од планот „3-6-9“ на Владата за кои беше потребно двотретинско мнозинство.

Законите неколку месеци не беа ставани на дневен ред затоа што најголемата опозициска партија реши да ја бојкотира работата на Собранието.

Прв со 86 гласа „за“, без против и воздржани беше изгласан Законот за заштитени сведоци. Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека партијата за овој закон дала 11 предлози и со нив се направила интервенцијата во законот што бил предложен од СДСМ.

По завршувањето на 22 седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори 41 седница на која на дневен ред беа законите за ОТА (Оперативно техничка агенција) и законот за следење на комуникациите. Формирањето на ОТА беше изгласано со 87 гласа „за“ без против и воздржани, а за Законот за следење на комуникациите во второ читање гласаа 86 пратеници.

Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата за овие закони доставила повеќе забелешки помеѓу кои биле вклучени и забелешките на стручната јавност.

– ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во преговорите за овие законски решенија. Имавме повеќе забелешки и барем половината од нив беа прифатени и имплементирани во законите. Се надеваме дека овие закони ќе дадат мир на граѓаните и нема да се повторат сериозните проблеми како што се случија два пати во минатото. Сериозно ќе ја следиме имплементацијата на овие законски решенија и ќе обрнеме внимание на кадарот кој ќе се постави – рече Димков.

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски рече дека со овие закони за прв пат во Македонија системот за следење на комуникации ќе има најголема законска регулација.

Џафери на крајот на седницата рече дека за Законот за судовите, Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка кои требаше да бидат изгласани денеска, дополнително ќе закаже седница бидејќи треба да се усогласат текстовите помеѓу владејачкото мнозинство и опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....