fbpx

Дончев: Болницата од Германија не испрати понуда за лечење на Ева

-

Вкупно три понуди од странски болници добил Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за лекување на малата Ева Крстановска, од кои две од турски болници и една од болница од Италија. Од болницата во Германија не стаса понуда и демантираме дека лекувањето во неа би чинело 200.000 евра, рече на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

Тој изрази сочувство до семејството на починатото девојче и рече дека сите процедури биле почитувани. Дончев појасни дека постапката почнала откако на 25 јуни годинава до Фондот било упатено барање за лекување во странство, со конзилијарно мислење од клиниката на која се лекувала дека нема можности таму да се заврши лекувањето. Потоа фондот побарал понуди од четири болници, од кои две турски, една италијанска и од болницата Гисен во Германија, но понуди стасале само од првите три и била избрана турска болница, но родителот на Ева не го прифатил, барајќи да се лекува во Германија, рече Дончев.

– Имајќи предвид дека пациентот беше во животозагрозувачка состојба, според Законот, ФЗОМ е обврзан да донесе одлука за лекување во странство во рок од  48 часа. Потоа стручната комисија на Фондот, составена од еминентни лекари од Универзитетските клиники во Скопје, се произнесе позитивно по добиените понуди за лекување, при што е избрана болница во Турција. Решението за лекување во странство е доставено до барателот на 28.06.2018 година за спроведување на хемотерапија и алогена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. Барателот, незадоволен од одлуката на стручната комисија при Фондот,  поднесе приговор до второстепената комисија, со барање лекувањето да се спроведе во клиниката во Гисен, Германија со која што воспоставил личен контакт – рече Дончев.

Потоа, како што рече тој, ФЗОМ контактирал со лекар од германската болница, кој рекол дека состојбата на Ева е тешка, но сепак од болницата Гисен во Фондот не стасала понуда за лекување на Ева.

– Од друга страна, прифатената понуда од Универзитетската клиничка болница од Газиосман Паша од 145,000 евра и одобрените трошоци за санитетски авион, го опфаќаше целокупното лекување за временски период од 150 дена. ФЗОМ има документација за секој чекор од оваа постапка и јавно и транспарентно ви стојеме на располагање за секоја информација – рече Дончев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...