fbpx

Донации од 5.000 долари од „Мајкрософт“ за невладиниот сектор

-

„Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“, се одржа денеска во Конгресниот центар на Скопски саем.

Претставниците на граѓанскиот сектор имаа можност да научат повеќе за тоа како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5.000 долари на програмата „Microsoft Azure“ на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, кој во Македонија и на Балканот се спроведува од страна на Фондацијата „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“.

На отворањето на настанот, извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, изјави дека целта на овој настан е приближување на технологијата на невладиниот сектор.

– Технологијата и имплементацијата на нови софтверски решенија не се цел сами по себе. Тие треба да послужат за невладините организации своите мисии и активности да ги организираат на ефикасен начин. Технологијата се менува бргу, невладините организации треба да бидат во тек со најновите технолошки софтвери и платформи и да разменат знаење за предизвиците во секојдневното работење. Невладиниот сектор се менува бргу, тој е разновиден и тука технологијата игра голема улога. Локални организации од град или село, благодарение на технологијата соработуваат на национално и на меѓународно ниво. Географските и границите помеѓу секторите  ги снемува, благодарение на технологијата. Невладините организации бараат начини за вмрежување, соработка и за користење на нови технологии за поквалитетно да ја опслужат заедницата во која дејствуваат – изјави Јашари.

Менаџерката за образовни програми на „Мајкрософт“ во Албанија, Косово и во Македонија, Влора Адеми, изјави дека ова е четврта конференција што се организира и има голем интерес од страна на невладините организации.

– Не само невладините организации, туку која било компанија, институција, сите сме софтверски компании. Секој е зависен од технологијата. Невладиниот сектор е главен поддржувач на голем број состојби во општеството и има своја мисија. Работата е предизвикувачка, а технологијата им овозможува полесно да ја реализираат нивната мисија – додаде Адеми.

На конференцијата презентација имаше и Александар Василевски од Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби – СОЛЕМ.

Тој преку презентацијата покажа дека алатките и технологиите на „Мајкрософот“ не се наменети само за невладините организации, туку можат да ги користат и лицата со интелектуална попреченост.

Фондацијата „Метаморфозис“ ги помага сите организации во имплементацијата на технолошките решенија.

Станува збор за организации кои најчесто работат на решавање на општествени проблеми, за најлесно да ги применат сите алатки за да се подобри квалитетот на живеење.

За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа, како и за да добивате донации регистрирајте се на www.techsoupbalkans.org/mk/user/register.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...