fbpx

Доналд Трамп стана претседател на САД во неизвесна трка до самиот крај

-

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, во неизвесна и непредвидлива трка до самиот крај, ја победи противкандидатката од Демократската партија, Хилари Клинтон, и стана 45. претседател на Соединетите Aмерикански Држави.

Американскиот милијардер, според анализата на „Њујорк тајмс“, ги освои потребните 270 електорски гласови од сојузните држави Кентаки, Индијана, Западна Вирџинија, Оклахома, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Јужна Каролина, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вајоминг, Небраска, Канзас, Тексас, Арканзас, Луизијана, Монтана, Мисури, Охајо, Ајдахо, Северна Каролина, Небраска, Флорида, Џорџија, Ајова, Монтана, Јута, Аризона, Алјаска, Мичиген, Висконсин.

Поранешната државна секретарка Клинтон освои 219 електорски гласови од државите Вермонт, Илиноис, Њу Џерси, Масачусетс, Мериленд, Роуд Ајленд, Вашингтон ДЦ, Делавер, Њујорк, Конетикат, Њу Мексико, Вирџинија, Колорадо, Калифорнија, Хаваи, Орегон, Вашингтон, Невада, Мејн, Њу Хемпшир.

Кандидатите на изборниот ден тргнаа со практично еднакви шанси, но Клинтон имаше епитет на фаворит за време на целата кампања. Сепак, за време на изборната ноќ работите драстично се променија.

Во изборниот штаб на Хилари Клинтон за неколку часа ситуацијата драстично се промени, па сега владее шок и неверување, а во штабот на Доналд Трамп прославувањето почна уште пред тој официјално да биде прогласен за претседател.

Клинтон се надеваше дека ќе стане првата жена претседател на САД, но повеќе од половината од белците гласаа за републиканецот, додека 90 отсто од Афроамериканците и две-третини од Латиноамериканците гласаа за демократката.

Убедлива победа на Републиканската партија се очекува и на паралелните избори кои се водат за Конгресот и за Сенатот.

Исчекувајќи ги последните резултати од неизвесната трка за претседател на САД во која засега води Доналд Трамп, во хотелот „Александар палас“ се обрати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој рече дека по изборниот период е време да се тргнат чуствата настрана и дека е време на патриотизам.

Тој додаде дека САД се партнери на Македонија 25 години и дека Македонија добила поддршка од четири различни администрации на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...