fbpx

Дома испечатиле лажни денари и се честеле во кафулиња

-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Македонски Брод поднела кривична пријава против 20-годишниот М.С. и неговиот врсник А.Ј., кои се товарат за фалсификување пари.

Според полициските информации, осомничените на 16 февруари, во домот на М.С. испечатиле 10 лажни банкноти во апоени од 1.000 денари и 58 банкноти од 500 денари.

Истиот ден, осомничените со две лажни банкноти ги платиле пијалаците во два локали во Македонски Брод.

Фалсификатите биле откриени наредниот ден, кога сопствениците на угостителските објекти го однеле прометот во банка, каде ги забележале двете лажни банкноти.

„По наредба од Основното јавно обвинителство Гостивар, извршени се претреси во домовите на осомничените. При претресот пронајдени се лажно изработени банкноти во апоени од 500 денари, како и опремата со која се печателе банкнотите“, стои во информацијата на МВР за случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...