fbpx

ДОМ: Неселективни санкции ќе значат неправда за недолжните граѓани

-

ДОМ изразува длабока загриженост поради најавите од претставници на ЕУ и на САД дека за Република Македонија ќе се воведат санкции со одземање на препораката за членство во ЕУ и безвизниот режим, стопирање на финансиската помош преку европски фондови и Светска банка и ред други казни.

„Тоа не само што не води кон решение на политичката криза, туку ќе значи неправда кон македонските граѓани. Зошто камшик по сите, поради грев на поединци? Граѓаните бараат правда, а ќе добијат неправда! Овие санкции би биле само шематско „решение“ по книга“, велат од ДОМ.

Партијата е уверена дека санкциите што би ги засегнале сите граѓани, ќе одат во прилог на власта, зашто опозицијата ќе биде „докажан“ виновник за несреќата што ја снашла земјата.

ДОМ апелира до претставниците од меѓународната заедница да не преземаат неселективни санкции кои ќе ги засегнат недолжните граѓани. Наместо тоа, да ја помогнат борбата на демократските сили за да се дојде до фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...