fbpx

„Дојче банк“ престанува со дел од своето работење во Русија

-

Германска „Дојче банк“ потврди дека престанува со дел од своето работење во Русија, имајќи предвид дека е тешко погодена од санкциите и од истрагата по повод тргување со акциите.

Во соопштението на банката се наведува дека во Русија ја затвора филијалата за корпоративно банкарство и за работењето со хартии од вредност. Работите поврзани со корпоративни финансии и со пазарот на пари во Русија ќе го водат од други меѓународни центри, пренесува „Ројтерс“.

Неименувани извори кои се запознати со ситуацијата, за „Ројтерс“ потврдиле дека „Дојче банк“ планира да укине 200 работни места во Русија, од постојните 1.300.

Голем притисок врз банката извршило и покренувањето на официјални истрага во Европа и во САД во врска со тргувањето со акции, кои ги водела канцеларијата на „Дојче банк“ во Москва.

Работењето на банката во Русија, како што наведува „Ројтерс“, е загрозено поради западните санкции воведени против Москва, по повод украинската криза, како и поради падот на цената на нафтата, што економијата на Русија ја повлече во рецесија.

Затворање на тие филијали се очекува до крајот на годината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...