!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Договорот со Бугарија утре на затворена седница на Комисијата за надворешна политика


       
Скопје, 17 јули, 2017 - 20:09 (META) 

Нацрт-договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија утре ќе биде претставен пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика на затворена седница, со почеток во 10 часот, информираат собраниските служби.

Седницата е закажана откако денеска до Комисијата за надворешна политика било упатено барање од Владата на Република Македонија и на неа се очекува да присуствува и премиерот Зоран Заев.

Минатата недела, кога Заев го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, вети дека договорот со Бугарија, сепак, ќе им го достави на увид на пратениците.

Реакцијата на премиерот дојде откако координаторот на првата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, обвини дека Владата ја игнорира опозицијата за договорот со Бугарија, дека молчи за деталите од посетата на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на Атина, а не ја консултирал ниту за законот за јазиците.