fbpx

Договорот од Пржино може да падне на погрешно читање и на лош превод

-

Најголемиот проблем помеѓу политичките партии, кои се на „добар пат“ да го урнат Договорот од Пржино, се законот за мораториум за „бомбите“ и законот за влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат со законот за мораториум за „бомбите“ да бидат опфатени сите прислушувани материјали и инсистираат на затворски казни за претставници на медиумите што ќе ги објават. Од СДСМ, пак, се против ваквиот предлог и се залагаат за промена само во Кривичниот законик, каде би се зголемиле казните за поседување на прислушуваните материјали.

Посредникот во преговорите Питер ван Хојте изјави дека тој закон мора да биде направен според европските стандарди.

– Законот за „бомбите“ треба да биде во согласност со меѓународните и со европските стандарди, а тоа е најважно во моментов. Можете да правите легислатива само ако имате амбиција еден ден да станете земја-членка на ЕУ и вашата легислатива треба да биде во согласност со европските стандарди. Како ќе изгледа законот, допрва ќе видиме, работните групи тоа треба да го одлучат – рече олеснувачот.

Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат министрите што ќе влезат во новата влада, според Договорот од Пржино, да бидат само технички лица, без поголеми овластувања и ингеренции. СДСМ се залага тие да имаат овластувања како и сите министри во владата.

Исто така, од владејачката партија сакаат замениците-министри да имаат право на вето за сите прашања, додека СДСМ остануваат на ставот право на вето замениците-министри да имаат само за прашања поврзани со изборите.

Овие спорни прашања произлегуваат, најверојатно, од различното толкување на Договорот од Пржино. А еве што точно тој предвидува на македонски јазик (во преводот на Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО):

Точка 6, став 1:

На 20 октомври 2015, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван на предлог од СДСМ, а по спроведени консултации со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ. Министерот кој ќе биде именуван ќе ја врши функцијата како техничко лице (функционер).

И на англиски јазик:

On 20 October 2015, a new Minister of Interior shall be appointed upon nomination by SDSM and after consultation with VMRO-DPMNE and DUI. This Minister shall be a technical appointment.

Во врска со прислушуваните материјали на македонски јазик (исто според МЦЕО) стои:

Објавувањето на дополнителни материјали од прислушувањето ќе запре. По враќањето на СДСМ во Собранието, сите материјали што ги поседува СДСМ или кој било друг чинител ќе бидат предадени на јавниот обвинител за негово итно постапување.

И на англиски:

With immediate effect there shall be no futher publication of any wiretap material. Upon the SDSM’s return to parliament, all of the material in possession the SDSM or any other actor will be handed over to the publik prosecutor for immediate action.

Целиот текст од Договорот на македонски јазик можете да го видите тука.

Целиот текст од Договорот на англиски јазик можете да го видите тука.

Целиот текст од Договорот на албански јазик можете да го видите тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...