fbpx

Договорот од Пржино, клучен за почеток на претпристапните преговори со ЕУ

-

Неизвесно е дали претпристапните преговори на високо ниво со Евроспката унија ќе се најдат на агендата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој в петок ќе допатува во Скопје, дознава „Мета“ од високи извори во Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

– Исклучително е важно имплементирањето на политичкиот договор. Во јавноста се појавија гласини дека нереализирањето на договорот може да придонесе за симнување на пленарната седница за ХЛАД од агендата на Хан. Отворено е прашањето дали се размислува во таа насока. Не можам ниту да потврдам, ниту да негирам дали е тоа така. СЕП се подготвува како да ќе има средба за ХЛАД – вели истиот извор.

Од СЕП не сакаат да коментираат дали имплементирањето на Договорот од Пржино може да придонесе за да не се добие препорака за почеток на преговорите. Според нив, таквото сценарио би значело дека Македонија се враќа наназад според Копенхашките критериуми.

Следната недела во Брисел на македонските власти ќе им биде презентиран нацрт-извештајот во кој ќе бидат истакнати напредокот, но и забелешките за Македонија од Европската комисија. Сепак, имплементирањето на политичкиот договор останува клучно за извештајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...