This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Aug 18 23:32:42 2018 / +0000 GMT

Договорот и го отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, вели британскиот амбасадор




Британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет денеска го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името посочувајќи дека тоа ќе го отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО.

- Тоа не е добро само за Македонија, туку и за регионот - рече Гарет по потпишувањето на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија .

Тој изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори на состанокот на Советот на ЕУ, а подоцна и покана за членство во НАТО.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон вчера го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името.

„Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички лидери во двете земји да ги препознаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на ова долгогодишно прашање“, напиша британскиот министер за надворешни работи на „Твитер“.

https://twitter.com/BorisJohnson/status/1006595185336311808

Post date: 2018-06-13 12:52:23
Post date GMT: 2018-06-13 10:52:23
Post modified date: 2018-06-13 12:52:23
Post modified date GMT: 2018-06-13 10:52:23

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com