fbpx

Додевски: Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународните судови

-

Одбраната докажа дека две од вкупно три основи за притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги определил незаконски, што значи две третини од решението се незаконски, изјавил адвокатот Никола Додевски за „ТВ Нова“, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје за притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

– Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународни судови да докажеме дека решението за притвор е незаконито и во останатиот дел. По добивање на решението ќе објавиме подетални чекори на одбраната. Угледот на сопственикот на „ТВ Нова“ ќе биде заштитен – изјавил Додевски.

Апелацискиот суд попладнево го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство. Второстепениот суд делумно ја уважи жалбата на одбраната, со оценка дека останатите причини поради кои му е одреден притвор на Кочан, односно дека ќе влијае на истрагата и дека постои опасност од повторување на делото, не се исполнети.

Бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана меѓународна потерница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...