fbpx

Доделени наградите „Претприемач на годината“

-

На традиционалната манифестација „Претприемач на годината – 2015“,  беа доделени наградите за најдобрите претприемачи.

И оваа година беа доделени четири награди, по две во двете категории, врз основа на однапред утврдени критериуми за успешност.

Првата награда „Претприемач на годината 2015“ во категоријата мали претпријатија ја доби „Ламинати ком“ од Прилеп, а второнаградена во истата категорија е „Дени милк“ од Кочани.

Во категоријата микропретпријатија, првата награда отиде во рацете на Ељмедин Адеми од „Скрин медиа“ од Тетово, додека „Кала плакат“ од Скопје се закити со втората награда во оваа категорија.

Министерството за економија додели специјална награда – плакета за „Најдобра жена претприемач за 2015 година“.

Министерот Незири ја врачи оваа плакета на Анета Мустафоска од „Исиглас“ од Скопје, компанија за градежно-занаетчискии изведбени услуги.

Ова е деветта години по ред, преку промоција на најуспешните претприемачи во Македонија, континуирано да се подигнува свеста за значењето на претприемништвото во нашата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...