Добро е што по консултативниот референдум сега за Договорот ќе се расправа во Собранието, вели Мас


       
Берлин, 2 октомври, 2018 - 10:58 (META) 

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, за референдумот вели дека оние кои гласале сакаат земјата да го продолжи својот пат кон ЕУ и НАТО.

„Иако многумина би си посакале поголема излезност, се радувам што огромно мнозинство од оние, што го искористија своето демократско право, гласаа за Договорот со Грција. Тие сакаат нивната земја да го продолжи својот пат во правец кон ЕУ и НАТО и да се реши спорот, кој 27 години стоеше меѓу Македонците и Грците. Добро е што по консултативниот референдум сега за Договорот ќе се расправа во македонскиот парламент.

Мас ги повика сите политички сили во Скопје и во Атина, да ги искористат шансите на историскиот Договор и да го спроведат договореното. Според него, Договорот ги засилува добрососедските врски меѓу двете држави и придонесува за стабилноста на Западен Балкан и отстранува важна пречка за приближувањето на Скопје кон ЕУ и НАТО.