fbpx

До Кривичниот суд поднесени 12 барања за амнестија

-

До утрово до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 12 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година

Секој од обвинетите за „27 април” има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот.

Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Барањата обвинетите можат да ги доставуваат до Судот лично и по пошта. По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Законот за амнестија во четвртокот минатата недела беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако претходно беше потпишан од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Македонското Собрание на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за”, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...