fbpx

До крајот на месецов тендер за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка

-

Тендерот за компанија што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка, треба да се отвори во текот на месецот, изјавија од  „ЕЛЕМ турс“. По завршувањето на анализата, се очекува да се донесе одлука за тоа, што ќе се случи понатаму со управувањето со овој скијачки центар, известува „Порталб.мк“.

„Анализата е во почетна фаза и дека подготовката трае до три месеци. Откако ќе се одбере компанијата што ќе ја спроведе оваа анализа, во текот на следните три месеци се очекува резултатот. Конкретни мерки ќе се преземат по завршување на анализата“, велат од „ЕЛЕМ турс“

„ЕЛЕМ турс“ е ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност) и затоа има право да отвори тендер во предизборниот период, нешто што е забрането според Изборниот законик за државните компании.

Попова Шапка во последно време се соочува со многу проблеми: недостаток на инвестиции, недостаток на жичара со шест седишта, недостаток од простор за паркирање, нерегулирана инфраструктура како и неотстранети отпадоци.  Ваквата состојба ја натера Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ да преземе поригорозни чекори.

Оваа иницијатива организираше протести при што бараше ЕЛЕМ да се повлече од управувањето со центарот, бидејќи долгогодишното лошо управување ја уништи Попова Шапка.

Од друга страна, премиерот Заев пред извесно време информираше дека сега веќе се подготвува физибилити студија, која ќе одговори на прашањата за потребниот начин на управување и искористување на капацитетите без да им се нанесе штета на природните убавини во овој дел од Северна Македонија.

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ инсистира на повлекување на ЕЛЕМ од овој ски центар и велат дека нема да се откажат се додека тоа не се случи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...