fbpx

ДМ: Во Македонија нема од спорните кашички

-

Спорните еко-кашички за бебиња повлечени од некои земји, во Македонија воопшто ги нема во продажба, соопшти денеска синџирот продавници за козметика „ДМ“.

„Наведениот производ со спорниот рок на траење никогаш не бил испорачан во нашите дрогериии и никогаш не бил ставен во продажба за нашите потрошувачи“, информира „ДМ“.

Компанијата ги повикува потрошувачите кои набавиле од проблематични кашички во некоја друга земја да ги донесаат во продавниците на „ДМ“ во Македонија и спорниот производ ќе биде заменет со нов или средствата ќе им бидат вратени во целост.

„Babylove“ кашичката за бебиња од јагода, малина и јаболка, со нето-тежина 190 грама и рок на траење до 5 јули 2019 година, наменет за деца постари од четири месеци, е повлечен од продажба поради мерки на претпазливост откако во примерок се пронајдени остатоци од средства за чистење кои содржат хлор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...