Малопродажните цени на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а цената на бензот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Цените на „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ не се менуваат, односно остануваат 66,5 и 68,5 денари за еден литар.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат за 1,36 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.